Sunday, September 7, 2025

ПОУКИ ЗА СЕКОГО

ПОУКИ ЗА СЕКОГО

  • Не ѕвони повеќе од двапати по ред. Ако некој не одговара, значи дека не може или не сака. Почитувај го тоа.



  • Ако некој не сака да се дружи со тебе, почитувај го тоа… никогаш не трчај по некого.

  • Враќај ги позајмените пари пред некој да ти напомени. Истото важи за чадори, пенкала или садови за храна. Тоа е прашање на чесност.

  • Кога некој ќе те покани на ручек, не нарачувај најскапо јадење. Благодарноста вреди повеќе од луксузот.

  • Престани да поставуваш непријатни прашања како: „А дечко, девојка?“, „А деца?“, „А брак, куќа?“. Тоа не е твој живот, па затоа не е ни твој проблем.

  • Секогаш отвори ја вратата за личноста што оди зад тебе. Тоа е обична култура.

  • Ако денес твојот пријател плати за такси, кафе или ручек, следниот пат плати ти. Во односите важи рамнотежата, а не искористувањето.

  • Почитувај ги туѓите мислења. Она што за тебе е „6“, за некого може да биде „9“.

  • Не прекинувај. Слушај. Тишината учи повеќе од зборовите.

  • Ако раскажеш виц и никој не се смее – престани. Непријатната тишина е исто така одговор.

  • „Фала“ никогаш не е премногу. Користи го често.

  • Фали јавно, исправувај приватно, очи во очи.

  • Не коментирај туѓа тежина или изглед. Кажи едноставно: „Прекрасен/на си!“. И тоа е доволно.

  • Кога некој ти покажува слика на телефонот, не листај понатаму. Никогаш не знаеш што има таму. Тоа се приватни слики, нели?

  • Кога некој оди на лекар, не прашувај: „Што ти е?“. Подобро кажи: „Се надевам дека сè е во ред“. Почитувај ја приватноста.

  • Однесувај се кон домарот исто како кон директорот. Големината на човекот се мери според тоа како се однесува кон оние на кои ништо не им должи.

  • Ако некој разговара со тебе, остави го телефонот. Зјапањето во екранот е знак на непочитување.

  • Не давај совети ако никој не те прашал. Никој не слуша непобарани проповеди.

  • Кога ќе сретнеш некого по долго време, не прашувај за години или плата. Прашај како се чувствува, дали е среќен. Тоа е најважното.

  • Грижи се за сопствениот живот. Туѓите проблеми не секогаш имаат потреба од твоето мешање.

  • Сними ги сончалките кога разговараш со некого на улица. Почитувањето се гледа во очите. Зиме соблечи ги ракавиците кога се ракуваш, особено ако си маж.

  • Не фали се со богатство пред сиромашни, ниту со деца пред оние што ги немаат или не можат да имаат.

(Непознат автор)


akademijalicnograzvoja@gmail.com


No comments:

Post a Comment